(Видео) Спелеолози влегоа во Пеколната дупка – се веруваше дека во неа исчезнуваат луѓе


Група спелеолози од Оман прв пат се спуштија до дното на славната јеменска вртача Бархут, чудо на природата, која мешаните ја избегнуваат затоа што веруваат дека таму живеат духови, а и туристите ги држат подалеку од не затоа што се зборува оти „јаде“ луѓе и животни кои премногу ќе ѝ се приближат.

Забранетата пеколна дупка, црна јама со кружен влез со дијаметар од 30 метри и длабока најмалку 112 метри, се наоѓа во пустината наистокто на јемен.

Оманските спелеолози на дното пронашле змии, лешев од животни и пештерки бисери (топчести калцификати), но тврдат дека таму нема ништо натприродно.

„Има змии, но нема да ве чепкаат ако вие не ги чепкате“, вели мухамед ал Кинди, професор по геологија на технолошкиот универзитет во оман.

Ал Кинди е еден од осумте искусни спелеолози кои минатата недела се спуштија на дното на јамата.

„Зедовме примерци од водата, карпите, дното и остатоци од мртви животни, кои сега треба да ги анализираме“, вели тој.

Јеменските власти во јуни признаа дека не знаат што има на дното на јамата, за која тврдат дека е стара милиони години, затоа што на самото дно никој до сега не се спуштил.

Јеменските спелеолози дошле најмногу до половина опат до дното, односно се спуштиле до 60 метри, затоа што вртачата има малку кислород и нема вентилација, но тоа се поблекле на површината заради необичната смрдеа.

Во тој крај со векови кружат приказни дека во јамата живеат духови, а празноверните мештани ја сметаат за врата кон пеколот. За неа дури и неволно зборуваат, затоа што и тоа носи несреќа. Но, се чини дека оманските спелеолози немаа проблеми со смрдеата.

„Долу има остатоци од животни кои таму паднале и секако дека не мириса, но не е толку страшно“, вели Ал Кинди.