(ВИДЕО) Семејствата на заложниците го прекинаа говорот на Нетанјаху: „Срам да ви е“
Семејствата на заложниците кои на 7 октомври минатата година беа насилно однесени во Газа од Хамас, го прекинаа говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на денешната церемонија во Ерусалим.
Тој зборуваше на церемонијата одржана во спомен на жртвите од минатогодишниот напад на Хамас, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а околу 200 Израелци беа киднапирани и однесени во Газа.
Израелскиот премиер стоеше неподвижен на говорницата додека толпата извикуваше, прекинувајќи го повеќе од една минута. Се слушаа некои како велат „Срам да ви е“, а еден од демонстрантите неколку пати извика: „Татко ми е убиен“.
Многу Израелци сметаат дека премиерот е одговорен за неуспесите што доведоа до нападот на Хамас и за неуспехот да ги врати дома преостанатите заложници што милитантната група ги држи во Газа.
נאלץ להפסיק את הנאום: משפחות שכולות צעקו לעבר נתניהו בטקס לזכר הנרצחים בטבח@diklaaharon pic.twitter.com/8L3uJmtuZw
— כאן חדשות (@kann_news) October 27, 2024