(Видео) Русите пукаа кон британски разурнувач во Црно Море – Лондон демантира
Руската Црноморска флота, заедно со Пограничната служба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска испукаа предупредувачки истрели во обид да спречат британски брод-разурнувач да ја наруши руската државна граница.
Претходно, британскиот разурнувач добил предупредување дека ќе биде употребено оружје врз него доколку ги наруши границите на Руската Федерација, меѓутоа, воениот брод не одговори на предупредувањето, наведе руското Министерство за одбрана.
„Разурнувачот УРО ’Бранител’ на британската морнарица ја мина државната граница на Руската Федерација на 23 јуни во 11:52 часот, движејќи се по северозападниот дел на Црното Море и влезе во територијалното море во областа на Кејп Фиолент“, се наведува во соопштението на руското МО.
Министерството дополнува дека потоа граничен брод на руската флота испука два предупредувачки истрела, во 12.06 и 12.08, по што, во 12.19 часот, авион Су-24М извршил предупредувачко бомбардирање во правецот на движење на британскиот разурнувач, пренесуваат руските медиуми
Британскиот разурнувач во 12.23 часот ги напуштил руските територијални води, заклучува руското МО.
Британскиот воен аташе повикан во руското Министерство за одбрана
Воениот аташе во британската Амбасада во Москва денеска е повикан во Министерството за одбрана на Руската Федерација поради инцидентот со британскиот разурнувач во Црното Море, што се случи пред неполни два часа.
Претходно, руската Црноморска флота, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа два предупредувачки истрели во обид да го спречат британскиот разурнувач да ја наруши руската државна граница.
По истрелите на руските бродови и руски борбен авион Су-24М изврши предупредувачко бомбардирање во правец на движењето на британскиот разурнувач.
Два воени брода на НАТО, вооружени со наведувачки ракети, на 14 јуни впловија во водите на Црното море, а станува збор за британскиот разурнувач „Дифендер“ и холандската фрегата „Евертон“.
Лондон демантира дека е пукано врз нивен брод-разурнувач во Црно Море
Британското Министерство за одбрана ги демантираше тврдењата на руската Влада дека во Црно море биле истрелани предупредувачки истрели врз брод-разурнувач на британската кралска морнарица, јавуваат француските медиуми.
„Врз HMS „Defender“ не биле истрелани предупредувачки истрели. Бродот на Кралската морнарица изведувал мирно преминување низ украинските територијални води во согласност со меѓународното право”, соопшти британското министерство.
Министерството за одбрана на Обединетото кралство смета дека руските сили спроведувале вежбовни гаѓања во Црно Море.