(Видео) Ново ниво на протест: Кренаа ѕид среде автопат


Граѓаните во Франција во последните неколку дена своето незадоволство од пензиската реформа го изразија со гласно тропање во тенџериња. Вчера пак, протестот достигна ново ниво. Граѓаните поставија блокада на автопатот А69 со подигнување ѕид од вистински цементни блокови.

Повеќе од 8.000 граѓани протестираа во саботата во јужна Франција во близина на селото Саи против изградбата на нов автопат.

Прво луѓето направија ѕид, а потоа го изградија од вистински цементни блокови, ветувајќи дека ќе ја бранат земјата на локалните селани и биолошката разновидност на регионот.

Според тврдењата на локалните власти имало 4.500 граѓани.

Тие маршираа по трасата на предложениот автопат, кој според проектот ќе ги поврзе градовите Тулуи и Кастра, носејќи плакати на кои пишуваше „Помалку енергија, помалку автомобили и помалку асфалт“.

Пратеничката на Зелените, Сандрин Русо, која беше на протестот за Денот на планетата Земја, им рече на новинарите дека проектот го одразува размислувањето од пред 30 и повеќе години, кога изградбата на нови патишта се сметаше за најпаметна инвестиција во инфраструктурата.

„Во контекст на климатската криза, навистина нема потреба од друг автопат“, рече Русо.