(Видео) Невреме во Германија: Поплавени села, хаос на концерт


Грмотевици и обилни дождови, кои ги погодија јужните и западните делови во Германија во понеделник навечер предизвикаа низа инциденти.

Противпожарните служби интервенираа во текот на целата ноќ.

Во Баварија се поплавени некои села, како Мамлинген близу Франкфурт каде улиците се поплавени, а подрумите од куќите се затрупани со кал, пренесува АП повикувајќи се на германската агенција ДПА.

Во Штудгарт, силен ветар откина статуи од операта и го оддува покривот, а поплавени се и некои делови од сцената.

https://youtu.be/nCO_AwyUJS4

Како што се наведува, во моментот околу 250 лица присуствувале на концерт, но нема повредени. До утрово, на спасувачките тимови се јавиле 330 луѓе, а во прекин бил и железничкиот сообраќај.

Пожарникарите интервенирале и при отстранување на соборени стебла. Во покраината Баден-Вуртемберг. во која се наоѓа и Штудгарт, како и покраината Баден и Хесе падна најмногу дожд, а забележани се и доста сообраќајни незгоди.