(Видео) Неколку дена по фотографирањето, израелските сили го разнесоа парламентот во Газа


Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја разнесоа зградата на парламентот во градот Газа, само неколку дена по преземањето на локацијата.

Акцијата ја извеле 7-та оклопна бригада и пешадиската бригада Голан. Уривањето се случило откако израелските војници се фотографирале внатре во Парламентот.

Израелските медиуми велат дека воената акција е стратешки потег по окупацијата, со цел да се спречи каква било потенцијална употреба или симболика што структурата би можела да ја има за Хамас.

На социјалните мрежи кружи снимка од моментот на експлозијата која дава увид во интензитетот на операцијата.

Со овој потег израелската армија покажа дека сака да таргетира уништување на клучната инфраструктура во градот Газа.