Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата


Фото: Б. Грданоски

Градоначалникот Горан Герасимовски, информираше дека на вчерашната заедничка обиколка со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски се отворила темата за поставување камери во општините за да се намали уништувањето на спортските и детските игралишта.

„Со министерот разговаравме да се разгледа можноста преку Безбеден град, покрај поставување камери на булеварите, да се постават камери на детски и спортски игралишта. За ова, дополнително ќе се разговара да се види дали има можност тоа да го преземе министерството или ние да си преземеме одредени финансиски трошоци како општини и самоиницијативно да ги поставиме тие камери на одредени локации“, рече Герасимовски.

Иницијативата на Општина Центар беше едногласно прифатена од ЗЕЛС, со цел подигнување на свеста кај младите за чување на јавното добро.