(Видео) Крвава пресметка во Рио: Убиени најмалку 25 луѓе, меѓу кои и полицаец


 

Според информациите на локалните медиуми во крвава пресметка во Рио де Женеиро во Бразил, убиени се најмалку 25 луѓе, меѓи кои и полицаец.

До пресметката дошло во текот на полициски акција на подрачјето на фавелата Жакарезињо.

Полицијата покренала акција откако примила информација дека трговци со дрога врбуваат деца за својата банда, пишува Би-би-си.

Во пукањето погодени се двајца патници во метро, но преживеале. Патниците застрелани во метрото се офицер во морнарица на возраст од 33 години и уште едно 20-годишно момче.

„Двајцата корисници на метрото се ранети откако надворешен проектил го погодил стаклото. Едно лице е повредено од скршеното стакло, а другото е раното во раката“, стои во соопштението од метрото.

Убиен е и полицаец

Полицијата потврди дека загинал инспекоторот Андре Леонардо де Мело Фриас. Според локалните медиуми, полициската акција била покрената против банда која се занимава со трговија со дрога, грабежи, убиства и киднапирања.

Рио де Женеиро е една од државите во Бразил со најголема стапка на насилство, а огромни подрачја се под контрола на криминалците.

https://youtu.be/1mpmrzG15Nw

Полицијата често е критикувана поради претерана употреба на сила во текот на противкриминалните операции во поголемите градови.

Во текот на престрелката погодени се уште двајца полицајци. Досега се уапсени намалку 10 лица. Акцијата траела повеќе од седум часа, пишува „Глобо“.