(Видео) Како ќе изгледа новиот „Дино парк“ во ЗОО Скопје
Зоолошка градина – Скопје ќе добие тематски парк со забавно-едукативен карактер кој ќе овозможи забава и едукација за посетителите од сите возрасти кои сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни. Изградбата на Дино парк почна денеска во Зоолошката градина.
Дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.
За изградбата на паркот се предвидени околу 20 милиони денари распоредени во две буџетски години , а отворањето е планирано за следната година.
Според проектот, предвидено е Дино паркот да има два влеза: од внатрешноста на зоолошката градина и влез од североисточната страна, патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се дополни со ново.
Во рамки на Зоолошката градина Скопје на површина од 2000 м2 денеска почна изградбата на новиот Дино парк со сите придружни елементи: патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор.
Билетот ќе изнесува 50 денари со неограничено време на престој.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов изјави дека овој тематски парк со забавно-едукативен карактер ќе понуди забава и едукација за граѓаните од сите возрасти.
– Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде што ќе има толкав број диносауруси, како и едукативна содржина за секое од овие праисториски животни. Веќе во првата половина од следната година планираме паркот да биде завршен и отворен за посетителите. Како што ветивме, Скопје чекор по чекор го менува својот лик во секоја смисла на зборот, рече Шилегов.
Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов истакна дека со одлука на Советот на Град Скопје променети се имињата на неколку катни гаражи.
https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/1346372092208214/?__tn__=%2Cd%2CP-R&eid=ARCyzaYeq1qZ0FiiZuqrBqKsEpoxABFPw-CvwV4uOqx49X10a24G5PmpiSlPrADwoP0HUJDbix-qx02w