(Видео) Како изгледаше нападот врз нуклеарката од контролната соба: „Ја загрозувате безбедноста на целиот свет!“


По жестоко руско гранатирање во петокот избувна пожар во најголемата европска нуклеарна централа Запорожје. По нападот избувна пожар, но за среќа, нема зголемување на радијацијата.

Сега е објавена снимка од нуклеарната централа во моментот на нападот, на која се слушаат извици да престане гранатирањето.

„Престанете да пукате врз нуклеарно опасен објект. Веднаш! Ја загрозувате безбедноста на целиот свет!”, се слуша на снимката од контролната соба.
За потсетување , за гранатирањето на нуклеарната централа, руското Министерство за одбрана ги обвини украинските саботери, нарекувајќи го чинот „монструозна провокација“.