Видео: Изгореа три куќи и две помошни простории во Бељаковце и Руѓенце
Пожарот кој избувна во попладневните часови вчера, (понеделник, 28.08.2023) дополнително се разгоре и прошири во доцните попладневни часови кога веќе беше доцна за полетување на дежурните два полициски и еден армиски хеликоптер како и еден Ер трактор на ДЗС.
Иако генерално се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овој пат со храбрите македонски пожарникари одлучивме во текот на ноќта да го нападнеме силниот оган кој проголта две стари но функционални куќи од с. Бељаковце вклучително и две помошни простории во ова село но и една стара напуштена куќа во с. Руѓенце, информира Ангелов.