(ВИДЕО) Горат автомобили во скопско Ново Лисиче


Во населбата Ново Лисиче утрово беа запалени неколку автомобили.

Засега не се познати причините за пожарот, а нема информации ни за евентуално повредени граѓани.

Околу 9.10 часот утрово во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ на паркинг имало целосно опожарено патничко возило, потврдуваат од МВР и додаваат дека нема повредени.

– Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и е констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени две патнички моторни возила „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки К.С.(73) од Скопје, соопшти МВР.

Информираат и дека од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изнаснат. Според МВР, се работи на расчистување на случајот.

Автомобилите се паркирани на паркингот меѓу ООУ „Лазо Ангеловски“ и станбените згради. Граѓани се обидоа да го изгасат пожарот, а за брзо стигна и противпожарна единица која интервенираше, а огнот беше целосно изгасен.

Се утврдуаат причините за пожарот.