(Видео) Ѕвездарница во Хрватска ја сними зелената комета: „Никогаш повеќе нема да помине“
Кометата C/2002 E3 (ZTF) денеска ќе биде најблиску до Земјата. Кај оваа комета интересно е што повеќе никогаш нема да се врати, пишува Хрватскиот астрономски сојуз.
„Кометата C/2022 E3 (ZTF) е долгопериодична комета која дојде до самиот раб на Сончевиот систем, односно до Оортовиот облак, а ја откри ѕвездарницата „Звики“во април 2022 година.
Кометата со изразено зелена боја поради нејзиниот хемиски состав и интеракцијата со сончевата светлина, ќе биде најблиску до Земјата на 1 февруари на некои 42 милиони километри, а веќе изминатите денови можеше да се забележи со голо око она квалитетно темно небо без светлосно загадување.
Може да се види и од урбаните зони со помош на помал двоглед, а низ него може да се види матна дамка, и маглина со кружен облик“, пишуваат познавачите.
„Пронаоѓањето на кометата ZTF (C/2022 E3) за која спектакуларно се вели дека прв пат е видена пред 50.000 години, наточно ќе биде ако кажеме „прв пат, последен пат и никогаш повеќе“. Имено, поради нејзината параболична патека оваа комета, откако ќе го заобиколи Сонцето, нема да се врати, туку ќе излета од Сончевиот систем во меѓуѕвездениот простор.
Овој факт значи единствена прилика за да се види нешто што се гледа смо еднаш во животот и што веројатно никој после нас нема да го види“, велат.