Видео: Две молњи удрија во „тојота“ на автопат во Русија


 

Еден автомобил речиси ќе се запалеше во текот на возењето на автопат во Русија, откако го удрија две молњи во многу кус период, а овој неверојатен удар беше снимен од возило кое возеше зад „тојотата“.

За среќа сите парници во автомобилот се добро, а некои делови од возилото се изгорени.

Ана Наказник која ја возела „тојотата“ била изненадена што многумина виделе што им се случило, но никој не притрчал на помош.

„Беше полно очевидци, но никој не сопре. Сите само продолжија да возат“, вели Наказник.

Инаки, повеќето модерни автомобили имаат вградена громобранска заштита, па ризикот за возачот и патниците е минимален, дури и при директен удар на молња.

Автомобилот делува како Фарадеев кафез, односно е заштита од електрично поле и го насочува електричното празнење околу патниците.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=40&v=gTeCp5GhKPE