(Видео) Дали ова е новата „алфа ромео џулија“
Нова видео-снимка открива како може да изгледа следната верзија на популарниот италијански автомобил.
„Следната „џулија“ за наклонетоста на купувачите ќе се натпреварува со моделите како што се бе-ем-ве i4, и најавениот „мерцедес EQC“ и „ауди A4 e-tron“
Иако нема информации за спецификациите, „џулија EV“ најверојатно ќе биде заснована на механичка платформа STLA Medium, место да користи верзија FCA на платформа на „џулија“.
Одамна се најавува нова верзија, а наскоро ќе видиме дали ќе биде всушност електрична и како таа ќе изгледа.