(Видео) Чудо на природата во Чиле: Мермерна катедрала на езеро


 

Не е чудо што мермерната катедрала, која брановите ја длабеле во езерото Генерал Карера на југот на Чиле во текот на 6.000 години, се смета за една од најубавите во светот.

Мермерната катедрала всушност е пештера и е дел од полуостровот кој во потполност е направен од мермер, а окружен е со глечерското езеро Генерал Карера, кое се наоѓа на грницата меѓу Чиле и Аргентина.

Азурната боја на водата се огледува на густи шари, а тоа че се прикаже во окото на набљудувачот различно во зависност од водостојот, но и од годишното време.

Во рана пролет плитките води се речиси тиркизни, а нивниот отсјај е со кристален сјај. Во лето, кога водостојот е висок, темносината боја на водата на пештерата ѝ дава надреален изглед.

https://www.instagram.com/p/BMud2mcBvuc/?utm_source=ig_embed

Нивото на водата зависи од топењето и замрзнувањето на околните глечери.

До овие чудесни пештери се стигнува само со брод, но пред тоа треба да стигнете по долг и исцрпувачки пат до најблискиот град Коихаико, кој пак е 230 километри оддалечен од езерото.

https://www.instagram.com/p/BbgKIbhn5JY/?utm_source=ig_embed