(Видео) Четири лица повредени при пукање во Торонто

Четири лица се повредени при пукање во Торонто за време на вчерашната прослава по повод победата на кошаркарскиот тим Торонто Рaпторс, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на полицијата.
На плоштадот Нејтан Филипс во центарот на градот се слушнале истрели, кои предизвикале хаос и паника и натерале многу луѓе да се растрчаат во обид да се скријат некаде.
На настанот, на кој, според некои проценки, биле присутни милион луѓе, присуствуваше и канадскиот премиер Џастин Трудо. Прославата беше накратко прекината, по што официјалните лица го смирија вознемирениот народ.
Полицијата уапси три лица во врска со пукањето.
Shots fired at Nathan Phillips Square. This is shot at the north side of city hall. pic.twitter.com/KhGb5xag02
— Francine Kopun (@KopunF) June 17, 2019