(Видео) Бали, од сјај до очај: Рај со распаднати душеци
Многумина од нас сонуваат да одат на Бали, величествен индонезиски остров кој се смета за „рај на Земјата“. Бали е една од најпопуларните светски дестинации, а многумина уживааѕ дури и кога само гледаат фотографии од песочните плажи, тиркизното море, коралните гребени и културните знаменитости кои се таму снимени. Сепак, некои посетители ја открија и другата страна на ова бајковито место.
Зад идиличните кулиси кои секојдневно можеме да ги видиме преку популарните туристиќки страници и социјални мрежи, кои служат да ја промовираат оваа дестинација, добро е да се знае дека таа е како и сите други, има свои маани.
@victoriagoulbourne Dont be fooled by insta 😅🌝 #traveltok #bali #canggu #indonesia #traveltok #comedy #fyp #instavsreality #baliviews #balitravel ♬ original sound – Andrei King
Ова е посебно точно ако само се најдете во текот на дождовната сезона. Како изгледа Бали тогаш, може да се види од снимката на Викторија Гулбурн, корисничка на социјалната мрежа ТикТок. Таа ги покажа двете лица на Бали. На една страна е идилично уреденото сместување со лежалки, додека на другата ги сними калливите канали по невреме.
„Немојте да ве заведе Инстаграм“, додава таа во описот на објавата, која ја прегледаа повеќе од 26 милиони луѓе.
@victoriagoulbourne Beware of the traffic 😆😆 this wasnt even bad! But for real – ILY bali 🫶🏻🇮🇩 #bali #balitravel #travel #traveltok #fyp #balitraffic #canggu ♬ original sound – Andrei King
Бројни корисници коментираа дека Викторија, за жал, дошла во погрешно време на островот, кога со денови има дожд. Потоа, објаснија дека некои делови навистина изгледаат како на снимката.
Меѓу останатите објави на оваа тема е и онаа која покажува како изгледа едно од местата со неверојатен поглед за време на дождовната сезона.
Исто така, снимката на инстаграм профилот #thebaliguideline, прикажува внатрешност од една од дрвените кужички за изнајмување.
View this post on Instagram
Корисниците истакнаа дека покрај неверојатните критики, Бали е место како и сите други. Велат дека при планирањето за посета на овов остров потребно е дасе истражат адекватни локации за сместување, особено за доживувањето во случај на невреме да биде пријатно.