(Видео) Американската морнарица во океан детонира бомба, предизвика потрес


Експлозијата што ја предизвика американската морнарица била толку силна што предизвикала потрес.

ЀИмено, американската морнарица објави снимка која го прикажува моментот во кој бомбата од 18.134 килограми активирана е недалеку од брегот на Флорида.

Експлозијата е изведена под вода во склоп на тестирањата на можностите во воени околности, а бродто на американската морнарица се наоѓал во близина на екссплозијата.

Намерата им би да покажат колку се бродовите издржливи ако се соочат со вакви ситуации.

Експлозијата била толку силна што предизвикала потрес со магнитуда од 3,9 степени по Рихтер на 160 км од местото на експлозијата.