Вицепремиерот Фетаи добил закани по живот на електронската пошта


Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, на службениот мејл добил порака со закана по животот. Фетаи ја објави заканата на социјалните мрежи, која како што вели, се случува по неговата изјава за отстранување на дефиницијата ’20 проценти’ за албанскиот јазик.
 
Вицепремиерот лично го информирал министерот за внатрешни работи Панче Тошовски за заканите и побарал постапување и зголемување на неговите мерки за лична безбедност.
 
Фетаи подготвува и тужба бидејќи, како што рече, заканите и екстремистите мора да го добијат одговорот што го заслужуваат: затворска казна според постоечките закони.