Весна Јаневска – прва од новата влада што го употреби името „Северна Македонија“
Министерката за образование и наука Весна Јаневска е првата министерка од оваа партија која во својата изјава го изговори официјалното име на државата, говорејќи за потребата од развој на стратегија за подобрување на образованието на сите нова, употреби – „во Република Македонија“, но веднаш потоа, оддалечувајќи се од микорфоните, направи пауза во изјавата, па продолжи и рече оти се извинува и кажа „во Република Северна Македонија“
-Она што се случи, паузата во мојот говор само е одраз на чувствата кои грото Македонци ги имаат за жртвата која ја прават кон приближувањето на Европската Унија, но законот ќе го почитуваме. Па, така се надевам дека граѓаните ќе имаат разбирање за нашата желба за влез во Европската Унија и за големите жртви кои ние ги правиме во тој правец, го образложи министерката за образование својот потег дабавајќи изјава пред медиумите во Штип.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во досегашните јавни настапи во земјава не го користи уставното име на државата, исто како и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, велејќи дека нивно човеково право е да ја нарекува државата како сакаат, што предизвика остри реакции од Грција и од стратешките партнери на државата, ЕУ и САД.