Венко Андоновски по вторпат добитник на Рациновото признание


Еден од најистакнатите и најчитаните современи македонски писатели, Венкo Андоновски, добитник на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на голем број меѓународни награди, по вторпат го доби високото Рациново признание за своето најново прозно дело „Припитомување на кучката“, во издание на Издавачки центар ТРИ.

Наградата уште еднаш го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите македонски раскажувачи.

За неполни 6 месеци од нејзиното прво објавување, збирката раскази „Припитомување на кучката“ доживеа и второ издание, што го потврдува огромниот интерес на македонските читатели за неговите дела, кои досега се продадени во илјадници примероци.