Венко Андоновски напиша песна за прераната смрт на Билјана Беличанец


Македонскиот писател Венко Андоновски напиша песна з апрераната смрт на актерката Билјана Беличанец – Алексиќ.

Беличанец беше пронајдена мртва во својот дом во скопска Кисела Вода. Според официјалните информации на полицијата, во саботата околу 22:30 часот, во полициската станица во Центар, нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски, пријавил дека ја пронашол без знаци на живот.
Полицијата соопшти дека актерката си го одзела животот со бесење. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје. Таа беше градоначалник на скопската Општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година. Нејзините колеги се простуваат од неа нарекувајќи ја девојката со најубавата насмевка, ангелски лик и неповторлив талент. Од нејзиниот матичен Драмски театар велат дека е ненадоместлива.