Велшаните користат рециклирани пелени за асфалтирање патишта


wallup.net

 

Во Велс асфалтиран е пат за кој користена мешавина чиј дел се и рециклирани детски пелени.

Се работи за патот A487 во Лианарт, кој е асфалтиран со користени рециклирани пелени истопени во мешавина за асфалт. Проектот е реализиран и со помош на родителите, кои пелените ги оставале во специјална канта. Тие пелени се собрани и транспортирани во локална компанија каде се исчистени и рециклирани, а резултат е голема количина пластични пелети спремни повторно да се користат.

Познато е дека растопената пластика е многу леплива, затоа што нејзиниот хемиски состав е сличен на битуменот и се однесува на ист начин кога ќе се загрее. Мешањето на пластичните пелети со врел катран и чакал се добива мешавина потребна за асфалтирање патишта, а во тој случај се користи помалку битумен кој е заменет со тони пластичен оптад.

Ова навистина се одлични вести, затоа што токму пластичниот отпад предизвикува катастрофа во светот, а на овој начин и понатаму се користи. Индија веќе со децении гради патишта со полош на рециклирана пластика, а досега се асфалтирани илјадници километри градски улици и автопати токму со користење тони рециклирана пластика.

Стандардната мешавина на асфалт содржи 10 тони битумен за секој километар пат, но благодарение на употребата на рециклирана пластика доволно се девет тони битумен на километар пат, додека за смесата се користи тон пластика. На тој начин се намалуваат трошоците за изградба на патишта, а и се користи повторно несаканата пластика.

Патиштата направени со помош на полимери се наоѓаат во Канада, затоа што полимерите спречуваат пукање во текот на зимата. Пластифициран битумен има повисока точка на топење од стандардниот, така што се употребува и на Блискиот исток. Исто така, се ствара помала бучава на вакви патишта, па со таа цел се корсити и во САД.

Ваквите патишта се значително поиздржливи, а пример е патот во Шенаи кој е преслечен со пластифициран битумен во 2002 година. Од тогаш на него поминуваат автомобили и камиони, имало и поплава, но патот е во совршена состојба. Исто така, во Шенаи температурите со месеци се високи, па патот се „пржи“ веќе две десетлетија, но и поатаму нема ни една пукнатина, а не пак дупка.

Велшани, годишно искористуваат 140 милиони пелени, а тие може да бидат искористени за унапредување на сообраќајната инфраструктура во целиот свет.