Вечерњи лист: Хрватска се закани со суспензија на визите и работните дозволи за државјаните на Бангладеш
Хрватска веќе го суспендираше или го отежна, но и се закани со прекин на издавањето визи и работни дозволи за граѓаните на Бангладеш, откако беше утврдено дека минатата година биле издадени 12.400 визи и работни дозволи , а од нив 8.000 воопшто не биле издадени во Хрватска, пишува загрепски Вечерњи лист.
Од 4.400 лица кои пристигнале во Хрватска во 2024 година, во моментов во земјата работат само 50 отсто.
Вечерњи лист пишува дека странските работници ги злоупотребуваат визите и работните дозволи што ги добиваат легално со тоа што воопшто не доаѓаат во Хрватска, каде на крајот им пристигнува багажот, а оние со виза одат во друга шенген земја.
Ваквите прекршувања на одредбите од Законот за странци и злоупотребата на дозволите за престој и визи се забележани кај граѓани од Индија, Непал, Филипини и Египет, но предничат оние од Бангладеш, кои во моментов го Хрватска ги има меѓу седум и осум илјади.
Хрватска, пишува Вечерњи лист, сега реагираше на ова и во пракса го прекина издавањето на работни дозволи и визи, а на властите во Бангладеш им се закани со потрајно суспендирање на издавањето визи и работни дозволи.