Вечерата за Кралот Чарлс ги чинела Французите половина милион евра
ПАРИЗ – Декадентната вечера која чинеше речиси 475.000 евра за кралот на Обединетото Кралство Чарлс III ја доведе француската Елисејска палата – канцеларијата на претседателот Емануел Макрон – до рекордно висок дефицит минатата година.
Љубовта на Франција кон големите гестови и раскошното јадење се целосно потврдени од годишната ревизија на буџетот на Елисејската палата, објавена во понеделникот од Cour des Comptes, највисокиот француски ревизорски суд.
Трошоците на Елисејската палата, кои ги вклучуваат трошоците поврзани со дипломатските и претседателските должности на претседателот, како и администрацијата, персоналот, безбедноста и управувањето со имотот, достигнаа неверојатни 125 милиони евра, со што сметките на Палатата влегоа во минус од 8,3 милиони евра. Меѓу најголемите причини за минусот еа две луксузни државни вечери, со индискиот премиер Нарендра Моди и со кралот Чарлс Трети.
Макрон беше домаќин на шефот на британската држава во септември минатата година во Версај, историскиот дом на француската монархија, на гозба исполнета со ѕвезди и со најмалку 160 поканети, меѓу кои и пејачот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер и британскиот актер Хју Грант.
Вечерата, за време на која гостите уживаа во јастог и макарони од роза, го чинеше француското претседателство близу 475.000 евра – вклучувајќи над 165.000 евра за кетеринг и над 40.000 евра за вино (вклучувајќи шише Шато Мутон Ротшилд од 2004 година) и други пијалоци.
Угостителите и декораторите ги зголемија трошоците за приемите што се одржуваа надвор од Елисеј, како што беше случајот со Чарлс III и Моди, кој беше пречекан во Лувр и му беа покажани некои од најпосетуваните ремек-дела на францускиот музеј од самиот Макрон. Вкупни трошоци: над 400.000 евра.
Францускиот ревизорски суд, сепак, призна некои напори за заштеда на трошоците, нагласувајќи ја штедливоста на Елисејската палата кога е домаќин на „коктели за помалку од 100 луѓе“, настани за време на кои обично се претпочита персоналот во кујната на Палатата во однос на надворешните готвачи.
Cour des Comptes, исто така, остро ги критикуваше лошите вештини на француското претседателство за планирање патувања, укажувајќи на загуба од над 830.000 евра генерирана од откажувањето на 12 патувања од кои парите очигледно не се враќаат. Планираното, но последователно откажано патување во Германија само во јули 2023 година доведе до загуба од речиси 500.000 евра, главно поради трошоците за транспорт и сместување.
Одговарајќи на сумите вклучени во извештајот, Елисејската палата порача: „Франција одржува блиски дипломатски односи со голем број земји, кои организираат еквивалентни настани кога ќе го примат шефот на државата“. (Политико)