Ванковска: Силјановска ќе го укине и Пушкин!
Претседателската кандидатка од Левица која не влезе во вториот изборен круг, Билјана Ванковска, се почесто упатува критики на својот профил на Фејсбук до Гордана Силјановска – Давкова.
„Господе боже! Лукоил бил руско влијание и за Гога! Па таа и Пушкин ќе го укине! А за Кина немала поим! Ја читала американската мисионерка Перл Банк која живеела во Кина од пред речиси 100 години! Ајмеее!“, напиша Ванковска.
Ванковска меѓудругото ја нападна Силјановска Давкова велејќи „тешко нас со кандидатка која не ја знае содржината на преговарачката рамка, нема ни храброст, ниту решителност, таа и Пушкин ќе го укине“. Таа исто така ја нарече „наводна пријателка“ и нагласи дека се разишле и идеолошки – дека самата застапува левичарска идеологија а Силјановска десничарска, дека она е против НАТО а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува.