Ванковска и Јакимовски на чекор до 10.000 потписи
Само уште неколку стотини потписи им недостигаат на Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски да го исполнат неопходниот услов од 10.000 лица запишани зад нивната кандидатура. Кандидатката за прфетседател на Левица заклучно со 20 часот на 29 февруари собрала 9.722 потписи, додека градоначалникот на Карпош стигнал до 9.265.
За очекување е дека и Ванковска и Јакимовски ќе ги соберат потписите во текот на денешниот ден, евентуално утре.
Од другите кандидати Мерсиха Смајловиќ и Вело Марковски ја надминаа бројката од 1.000 потписи.
Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски веќе ја завршија својата работа со собирањето потписи.