Вакцинирањето во ЕУ оди со брзина на полжав


Експлозијата на оптимизам околу одобренијата на вакцините ја заменија одложувања, недоволни количини и бирократски грешки

 

За само неколку недели она што изгледаше како вистински спас од мрачниот тунел – пронаоѓањето на вакцините против Ковид-19 – се претвори во неверојатно доцнење, недоволно испорачни количества, бирократски пречки, слаба организираност на здравствените системи… Со исклучок на извонредното темпо на Израел и донекаде на Велика Британија, овие денови стана јасно дека многу влади ќе ги промашат своите цели за масовна инокулација. Тоа посебно се однесува на земјите од Европската унија и на САД.

Политичарите емитираа нереални очекувања за да понудат искра надеж за нивните напатени општества, но се судрија со реалноста дека не е така едноставно да се вакцинира голема популација во краток рок кога вакцини нема доволно.

Еден од проблемите кој е особено изразен во ЕУ е капацитетот на регулаторните тела кои ја одобруваат употребата на вакцините.

Европската комисија претходно ја бранеше Унијата од критиките за бавното вакцинирање велејќи дека има „дупки на патот“. „Очигледно е дека ваквиот комплексен потфат секогаш носи со себе тешкотии“, им рече на новинарите портпаролот Ерик Мамер.

Вакцината „Фајзер/БиоНТех“ – развиена во Германија – е единствената во моментов овластена за употреба во Европската унија од страна на ЕМА на 21 декември. Соединетите Држави ја  користат заедно со вакцината на „Модерна“, додека Велика Британија од понеделникот започна да користи и една од гигантот за лекови во Велика Британија, „АстраЗенека“.

„Модерна“ во понеделникот соопшти дека Израел ја одобрил нејзината вакцина. „Министерството за здравство на Израел обезбеди 6 милиони дози и првите инокулации да започнат во јануари“, рече „Модерна“ во соопштението.

Земјите во ЕУ заостануваат далеку. Франција, на пример, им вакцина само на нешто повеќе од 500 луѓе. Германија до 4 јануари имунизираше 265.000 (најмногу од која било земја во ЕУ), но и тоа е многу малку затоа што има 1,3 милиони дози на располагање.

Холандија, последната во ЕУ што ја започна својата програма за вакцинирање, во меѓувреме соопшти дека акцијата треба да почне во среда.

Европската комисија истакна дека купила пристап до „речиси две милијарди дози“ од шест потенцијални вакцини – четири пати повеќе од населението во целата Европска унија.

ЕМА минатата недела соопшти дека вакцината за коронавирус развиена од „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд, веројатно нема да добие зелено светло во ЕУ во следниот месец. Фактот дека ЕМА се пресели од Лондон во Амстердам по „Брегзит“,  ги разгоре коментарите за тоа како Велика Британија можеше да се движи побрзо по напуштањето на ЕУ.

Велика Британија им даде вакцини на околу милион луѓе, САД на повеќе од 4 милиони. Двете земји почнаа една недела порано и се соочуваат со свои проблеми (САД имаат на располагање 13,2 милиони дози, на пример), но бавниот тек на ЕУ е доцнење во производството на вакцините, посуштински, но бирократски процес на одобрување, и лошо планирање во многу земји на ЕУ.

За време на викендот, Маркус Зодер, водач на германската Христијанско-социјална унија и извршниот директор на „БиоНТех“, Угур Шахин, ја критикуваа Комисијата за недоволно купување на вакцината „Фајзер/БиоНТех“, прва што беше одобрена од европските регулатори.

Во споредба со другите вакцини, тешко е да се дистрибуира ударот од „Фајзер/БиоНТех“, бидејќи треба да се чува на сув мраз на -70 степени C (може да се чува во нормални фрижидери само пет дена) и е скапа, околу 12 евра, во споредба со „Оксфорд/АстраЗенека“ што е помалку од 2 евра по доза.

Сепак, Комисијата обезбеди 200 милиони дози на германско-американската вакцина со опција за набавка на уште 100 милиони.

Поучена од претходното искуство ЕУ сакаше да ги здружи силите за како блок подобри зделки со производителите. Тие научија од минатото искуство: За време на пандемијата на свински грип 2009 година, фармацевтските компании играа меѓусебно со земјите на ЕУ за да наплатат повеќе пари за вакцини, при што некои држави завршија со премногу дози и ги продаваа на соседите.

Овој пат, земјите од ЕУ се согласија да ѝ дозволат на Комисијата да ги води преговорите. Земјите на ЕУ сè уште се дел од процесот, бидејќи седум земји учествуваат во преговорите и сите земји на ЕУ ги одобруваат зделките пред да бидат потпишани. (Љ.П.)