Вакцинација и на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Во четврток ќе се отвори пункт на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде студентите ќе може да се вакцинираат.
Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција, со ова се обидуваат да го зголемат опфатот со вакцинација на повеќе луѓе.
Филипче ги повика младите да се вакцинираат, а иста порака испрати и студентот Ернес Никочевиќ.