В сабота, отворен ден во „Лајка“ за донации и вдомување


ЈП Лајка ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние кои размислуваат да вдомат куче од нашето прифатилиште, оваа сабота на 19.02.2022 година од 10 – 13 часот на отворен ден

На овој отворен ден ги покануваме и сите граѓани кои сакаат да придонесат преку своја донација во подобрување на условите и благосостојбата на кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка. Во моментот имаме потреба од ќебенца, храна, крекери, шампони, средства за дезинфекција, а постои и можност за парична донаиција.  

За оние граѓани кои се размислуваат да вдомат куче и сакаат својот избор на миленик да биде токму од прифатилиштето на Лајка, оваа сабота е одлична прилика да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, воедно ќе добијат детални информации за секое од нив, како и за процесот на вдомување.

Да покажеме дека во Скопје постојат позитивни примери на граѓани, вистински љубители на кучиња кои се грижат и придонесуваат за подобрување на состојбата во која се наоѓаат бездомните животни.