Ужас во Хонгконг, горат облакодери: Загинаа најмалку четворица (видео)


Најмалку четири лица загинаа во пожар што зафати неколку станбени згради во Хонгконг.

Снимките покажуваат пламен и чад што се издигаат од кулите, каде што се верува дека се заробени неколку луѓе.

Се верува дека пожарот се проширил низ бамбусовите скелиња од надворешната страна на зградите, а службите за итни случаи се на местото на настанот.

Противпожарната служба објави дека во 14:51 часот по локално време добила пријава дека избувнал пожар во зграда во населбата Ванг Фук Корт. Во 15:34 часот алармот е подигнат на ниво 4.

Ванг Фук Корт е станбен комплекс кој се состои од осум блока, кои нудат близу 2.000 станбени единици. Неколку кули околу запалената кула имаат бамбусови скелиња на нивната фасада.

Засега не е познато како започнал пожарот, како и информации за тоа колку луѓе се наоѓаат во зградите.