Утревечер ќе има почесна артилериска стрелба за 8 Септември

Утре со почеток во 18 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија и со почеток во 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.
Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември.