Утре во Скопје доаѓаат Албин Курти, Драган Ѓилас и претседателот на германската партија СДП
Фондацијата „Фридрих Еберт“ и нејзината канцеларија во Скопје утре организира панел дискусија на која ќе бидат присутни повеќе важни политичари од регионот, како и копретседателот на владејачката партија во Германија, СДП, Ларс Клингбајл.
Панелот ќе биде на тема „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ и ќе се одржува во Даут-пашиниот амам со почеток од 18,30 часот.
Овој панел ќе биде ретка можност на едно место да бидат премиерот на Косово, Албин Курти, и еден од лидерите на опозицијата во Србија, Драган Ѓилас. На панелот ќе бидат и Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ, како и други политичари од социјалдемократскиот и центристичкиотполитички пејсаж од Србија, Црна Гора и Албанија.
Воведно излагање ќе има потпретседателката на Партијата на европските социјалисти, Радмила Шекеринска.