Утре седница на Советот за безбедност
Утре во кабинетот на претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на која ќе се разгледа актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.
На седницата ќе присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието, Димитар Ковачевски, премиер, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.
На покана на претседателот, на седницата на Советот ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.