Утре посебен сообраќаен режим во Скопје – доаѓа Албин Курти
Утре, среда, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.
Поради посетата, од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
,,СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници” се наведува во соопштението.