Утре истекува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави, до сега 76 отсто од обврзниците ја исполниле обврската


Фото: Б. Грданоски

Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите од даночните обврзници за периодот јуни 2024 (месечни) и април-јуни 2024 (тримесечни) истекува утре 25 јули 2024 година, соопштија од УЈП.

Досега 76% од даночните обврзници ја исполниле оваа обврска и навреме ја поднеле пријавата ДДВ-04, останува уште 24,6 % даночни обврзници да ја остварат оваа обврска утре.

Управата за јавни приходи уште на самиот почеток на овој месец ги објавуваше бројките на поднесените пријави и упатуваше апел кон даночните обврзници за нивно поднесување.

Поднесувањето е електронско и може да се поднесе во било кој период од денот, а постојаниот мониторинг на системот на УЈП придонесе поднесувањето на пријавите да се одвива без застој.

Неподнесување на ДДВ -04 и неплаќање на ДДВ долгот во законски пропишаниот рок создава последици за даночните обврзници од плаќање глоба, се вели во соопштението до медиумите.