Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо


Фото: Б, Грданоски

Уставниот суд  денеска ќе ја одржи 3. седница на која предвидено е да се дискутира по девет иницијативи за оценување на уставност и законитост.

Седницата, како што е најавено, јавноста првпат ќе може да ја следи во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот.

Уставниот суд претходно соопшти дека со ова започнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење – седниците да се пренесуваат во живо. 

Пред уставните судиина дневен редсе повеќе иницијативи меѓу кои и иницијативата од Уставен суд на РСМ, со која се оспорува член 14 во делот „претседател на уставниот суд на Република Македонија и” и член 15 во делот „судија на уставниот суд на Република Македонија,” од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија.