Уставниот суд ги прифати аргументите на штедачите од „Еуростандард банка“

Уставниот суд го укина членот 163 од Законот за банки, кој го оспори адвокат по барање на здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка. Одлуката е објавена на веб-страницата на Уставниот суд, еден месец откако Судот одлучи да поведе иницијатива за оценување на уставноста.Со оваа одлука ќе треба да престане примената на овој член од Законот, односно побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити, нема да се исплаќаат пред побарувањата на другите доверители.
Според подносителите на иницијативата, сите штедачи треба да бидат третирани еднакво – и тие со штеден влог до 30.000 евра, и тие што имале над 30.000 евра, но и фирмите, кои во домашните закони не се заштитени со минимална сума при пропаѓање банка. Oдлуката на Уставниот суд не значи дека се брише границата меѓу малите штедачи до 30.000 евра и оние оние што имаат влог над таа сума, a eдинствената правна последица е дека Фондот, кој ги обесштетува малите штедачи, сега потешко ќе доаѓа до парите од пропадната банка што, пак, теоретски може да влијае на брзината на исплатата на гарантираната сума.