Уште еден субјект на Турците се приклучи на „Европскиот фронт“ на Али Ахмети

Лидерот на ДУИ потпиша коалициски договор со Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија


Сулејман Баки (лево), Али Ахмети, Салих Мурат

 

Лидерот на ДУИ прибира партија по партија во коалицијата што ја нарече „Европски фронт“ за да го ублажи ударот на албанската опозиција и во исто време да обезбеди убедлива изборна победа. Денеска Али Ахмети потпиша коалициски договор со Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија и дека „фронтот“ е отворен за сите проевропски партии.

Ахмети го потпиша договорот со челниците на ова движење, Салих Мурат и Сулејман Баки за заеднички настап на изборите.

Досега во „Европскиот фронт“ им осум политички субјекти.

„Европскиот фронт“ предводен од ДУИ од денеска е поброен за уште еден политички субјект. Кон коалицијата предводена од партијата на Али Ахмети се приклучи Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија. Коалицискиот договор за заеднички настап на изборите денеска го потпишаа лидерот на ДУИ и претставниците Салих Мурат и Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија.

По потпишувањето на договорот, Ахмети уште еднаш повтори оти обединувањето во „Европскиот фронт“ не е привремено, туку долгорочно со цел, како што кажа, реализирање на работите кои останале недовршени. Тој рече оти коалицирањето со партиите на Турците и Ромите е зашто ДУИ е зајакната, а не ослабена.

„Има многу нешта за да ги истакнеме – правичната застапеност, остварувањето во пракса на албанскиот, турскиот и ромскиот јазик. Секако дека има уште многу работи да се прават, но главната цел на целиот овој фронт е нашата земја да ја зачлениме за кратко време во Европската унија. Ние ќе се бориме во овој фронт со цел оваа држава да биде ‘мајка’ за сите“, рече лидерот на ДУИ.

 

Според него, „колку и да се мали заедниците во оваа земја, оваа земја, сепак, е голема и за малите. Една земја со унапредена демократија прво се грижи за малите заедници, зашто малите заедници се тие кои градат лојалност кон државата. Ако малите заедници, кои не се малку во нашата земја, не уживаат права на еднаквост, третман во сите животни сфери, секако и толеранцијата е минорна или не постои воопшто кај овие заедници. Една држава е силна кога сите нејзини граѓани се лојални, но лојалноста зависи и од лојалноста на државата кон помалите заедници. Војната во 2001 година не донесе подобрување само кај Албанците, туку кај сите заедници“, рече лидерот  на ДУИ.

Зборуваа и Салих Мурат и Сулејман Баки. Тие нагласија оти оваа соработка ќе помогне за повисок развој на заедниците, но и на државата воопшто, оценувајќи оти „Европскиот фронт“ е од витално значење за сите сегменти на државата, за зеднички живот во мир и просперитет како заедничка придобивка, но и за приклучувањето на земјава кон Европската Унија.

„Наша заложба ќе биде да се направат промени во изборниот модел – да се префрлиме на моделот на една изборна единица, да ги елиминираме неправдите во законот за локална администрација, буџетот на нашата држава да биде поделен правично и пропорционално, да обезбедиме еднаков регионален развој“, рече Салих Мурат.

Тој додаде дека нивното движење ќе се залага и за имплементација на турското образование во земјава во основните и во средните училишта, локална и централна употреба на турскиот јазик, заштита на националниот идентитет, зачувување на културното постоење и вероисповедта.

Досега кон „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ се приклучија Демократската партија на Албанците, Европската демократска партија, Народното движење, крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците, Унијата на Ромите, Демократската партија на Турците.