Уште еден специјален пратеник за Западен Балкан


  Германската влада денеска го назначи политичарот Мануел Сарацин за специјален германски пратеник за Западен Балкан.

Сарацин е првиот германски пратеник за Западен Балкан, бидејќи таа позиција не постоела во претходните германски влади. Тој е член на германската Зелена партија и беше пратеник во Бундестагот од 2008 до 2021 година. Активно учествуваше во работата на Комисијата за европски прашања и Комисијата за ндворешни работи.