Уште еден случај на семејно насилство во Карпош: Син ја нападнал мајка си


Илустрација - Фото: Б. Грданоски

Уште еден инцидент на семејно насилство регистриран во скопски Карпош. 

Како што инфомрираа од МВР, вчера во 06:10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.В.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 59-годишна мајка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од полицијата.