Уште две жртви на македонските патишта во само девет часа


Илустрација

Во две тешки сообраќајки што се случија од полноќ до утрово, загинаа двајца, еден на 21-годишна возраст и уште еден чиј идентитет уште не е потврден.

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди. 

Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираа дека возилото „бмв“ управувано од П.А.(22) излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци.

Од здобиените повреди починал Љ.О. а останатите повредени се пренесени во Општата болница во Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и извршен е увид од СВР Велес. 

Во сообраќајна несреќа кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево почина возач, откако излетал надвор од коловозот. Во моментов се работи на утврдување на идентитетот на починатиот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР)  информираат дека во СВР Штип несреќата е пријавена денеска во 09.43 часот.

– СВР Штип е пријавено дека во село Облешево, патничко возило “мерцедес” со кочански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Во близина на возилото бил пронајден починат возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт, се вели во соопштението од МВР.

Во тек е увидот на местото на несреќата и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на возачот.