Уште 1.244 новозаразени во Србија, починаа 41 пациент


Според последните податоци, во соседна Србија регистрирани се 1.244 заболени со Ковид-19.

Починаа уште 41 пациент.

На респиратор се 165 луѓе.

Во Србија, со денови опаѓа бројката новозаразени, а се намалува и бројот на пациенти во болница. Но, она што загрижува е исчекувањето на омикрон варијантата на вирусот, кој се шири со голема брзина.

Како што тврдат лекарите, празниците кои се ближат, исто така се ризик и се очекува пораст на бројот заболени. Сепак, како што велат, омикорн не би требало да ибде проблем, но треба наскоро да се очекува, особено ако се земе предвид големиот број српски граѓани кои од странство ќе си дојдат за празниците.

Епидемиолозите и понатаму ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат затоа што тоа е начин епидемијата да се стави под контрола.