Уште еден пропаднат обид на Милошоски да расправа за Бугарија


Антонио Милошоски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Собранието дојде со макета на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, алудирајќи на тоа дека Димитров не доаѓа на дебата на Комисијата за надворешни работи во Собранието, каде што треба да се решаваат проблемите, меѓу кои и спорот со Бугарија.

„Собранието, во членките на ЕУ, но за жал не и во Македонија, секогаш било место за демократска расправа меѓу министрите“, напиша Милошоски, а подолу заврши со реченицата: „Слика има, тон нема“.

Но.  не само Димитров, повторно не се појави ниту министерот за надворешни работи Бујар Османи, ниту пак пратениците од владејачката СДСМ.Милошоски порача дека за вакви национални прашања, власта мора да го информира Собранието, што во овој момент не е случај.

-За жал не бевме удостоени ниту со образложение на самата покана, иако ја доставивме навремено. Обезбедени се сите здравствени протоколи, се што треба, но очигледно нивното отсуство од Собранието е нивна политичка одлука и покажување на непочитување кон собранискиот дом како претставник на народот и граѓаните во Македонија, изјави Милошоски.