“Урбан штит”: Татјана Гиновска модата ја трансформира во бруталистичко наследство

Ментори на проектот „Urban Armour“ се двајца исклучителни професионалци од модната сцена: Александар Ношпал и Никола Булески


 Во аулата на Филолошки Факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, изминатиот викенд, се одржа модна ревија под називот „Urban Armour“ (“Урбан штит”) – дел од истоимениот иновативен културен проект.

Автор на проектот е Татјана Гиновска која преку “Urban Armour” работи на афирмација на архитектонската вредност на бруталистичкото наследство и негово пренесување во полето на современиот визуелен дизајн и културен дискурс.

Ментори на проектот „Urban Armour“ се двајца исклучителни професионалци од модната сцена:  Александар Ношпал, едно од најпрепознатливите имиња во македонската мода, со авангарден израз, повеќедецениско искуство и силно влијание врз локалната модна естетика и Никола Булески, моден дизајнер и визионер познат по чисти линии, современи концепти и дисциплиниран пристап кон формата.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, во рамки на Програмата за поддршка на креативни индустрии.

Фото: А. Реџепагиќ