Ураганот Доријан стаса до Канада, стотици илјадници луѓе останаа без струја
Ураганот Доријан стигна до атлантскиот брег на Канада, носејќи обилни дождови и силни ветрови, поради што повеќе од 300.000 луѓе останаа без електрична енергија.
Жителите на Нова Шкотска се подготвија за поројните дождови и евентуални поплави долж крајбрежјето, додека официјалните лица во главниот град на провинцијата, Халифакс, ги повикаа луѓето да ги обезбедат тешките предмети што можат да станат проектили заради силниот ветар.
Во центарот на градот Халифакс, веттот собори кран, кој се урнал врз станбена зграда во изградба, пренесува Танјуг. Во јужниот дел на градот, се урна покривот на станбениот комплекс и неколку згради беа евакуирани. Властите ги повикаа сите што живеат во близина на брегот да се евакуираат и најавија дека, откако ќе заврши невремето, тие ќе ја испратат војската за да помогне во обновата.
Доријан сега е во категоријата на многу интензивна посттропска бура, со ветрови од 150 километри на час, што е еднакво на ураганот од категорија два, соопшти канадскиот центар за урагани.
Минатата недела Доријан ги опустоши Бахамите како бура од категорија пет, уништувајќи околу 60 проценти од територијата на земјата и оставајќи зад себе 43 жртви.