Ураганот Берил предизвика скок на цената на нафтата


Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари надминаа 87 долари, бидејќи прогнозите за добар почеток на летната сезона на патувања во САД се совпаднаа со приближувањето на ураганот Берил, кој може да предизвика прекини во снабдувањето. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 75 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 87,35 долари. Вчера го затвори тргувањето со добивка од 1,60 долари.

На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по 84 центи поскапо, по 84,22 долари. Вчера трговувањето се затвори со добивка од 1,84 долари. На почетокот на неделата, расположението на пазарот беше обележано со оптимистички прогнози за побарувачката во САД на почетокот на летната сезона на патувања.

Побарувачката на бензин околу Денот на независноста би требало да биде за 5,2 отсто поголема од минатата година, со 4,8 отсто повеќе патувања со автомобил, проценува американскиот автоклуб ААА.

Пазарите, исто така, внимателно ги следат можните индикации за пореметувања во преработката и производството на платформите во Мексиканскиот залив поради приближувањето на ураганот Берил, кој во понеделникот го помина источниот дел на Карибите и се засили во „потенцијално катастрофална“ бура од петта категорија.

„Опасниот ураган во Карипското Море се очекува да стигне до Мексико, поттикнувајќи ја загриженоста за снабдување“, рече Харалампос Писурос од брокерската компанија XM.

Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници, вклучително и Русија, го намалија извозот токму кога рафинериите почнаа да се подготвуваат за највисокото ниво на летна побарувачка. Ова значи дека реагираат построгите понуди и цените, објаснува Клаудио Галимберти од Ристад енерџи.

Значајниот раст на цените беше запрен денеска поради знаците на стагнација на азиската побарувачка. Азија увезла нешто помалку нафта во првата половина од годината отколку во истиот период во 2023 година, покажуваат податоците собрани од LSEG Oil Research.

Одделно, ОПЕК објави дека во понеделникот цената на барел нафтена кошница на нејзините членки е речиси непроменета на 86,51 долар.