Управата за јавни приходи од денеска до 25 јули очекува 40.509 пријави за ДДВ – 04


Управата за јавни приходи денеска ги повика ДДВ обврзниците, да го поднесат на образецот ДДВ – 04. До 25 јули се очекуваат 40.509 пријави за ДДВ.

Притоа, од УЈП посочуваат да се искористат бенефитите од раното поднесување на ДДВ – 04 пријавата, како дали пријава е примена, и обработена без грешки, а тоа овозможува навремено планирање на буџетите за исполнување на даночните обврски. 

Исто така, на ваков начин може порано да се добие бараниот ДДВ.

„Рокот од 30 дена за враќање на ДДВ почнува да тече од денот кога сте го доставиле образецот со искажаното барање за враќање“, посочуваат од УЈП, додавајќи дека на ваков начин се избегнува стресот од пријавување и плаќање на обврската за ДДВ во последен момент.