Унгарија: Синофарм и Спутник наместо ЕУ-вакцините


По руската, населението во Унгарија наскоро ќе се вакцинира и со кинеската вакцина. Премиерот Виктор Орбан сака да биде побрз од останатиот дел од ЕУ. Но лекарите и народот се скептични

Се чини дека на улиците во Будимпешта нема многу воодушевени од кинеската вакцина. Една жена која облечена со дебела зимска јакна и завиткана со шал си го шеташе кучето во парк, на нашето прашање одмавнува со раката. „Не верувам во тоа,“ вели таа, додавајќи дека не би се вакцинирала со кинеската вакцина „Веро“ на Синофарм.

И Балаш Болдог е со сличен став. „Би се вакцинирал со кинеската вакцина само ако нема друга опција – ама има“, вели овој 45-годишник. „Сакаат да ни ја наметнат оваа вакцина, без да имаме научни анализи за неа,“ вели тој покажувајќи кон зградата на парламентот.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука